Работна група во МНР ќе ги проверува сите упатувања од 2006 наваму

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во врска со последните изјави на претседателот на Собраниската Комисија за надворешна политика околу именувањата и упатувањата на дипломати на највисоките позиции во амбасадите и конзулатите на земјава, преку соопштение укажува дека во изминатава година на мандат се упатени 20 предводници на странските преставништва, од кои 16 се професионални дипломати од Министерството, што претставува 80% од упатените.

„Професионализацијата на дипломатијата останува еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи и во периодот што претстои, за што се покренати повеќе иницијативи за кои јавноста е веќе запознаена, меѓу кои и нов предлог закон за МНР со кој процентот на обврска за упатување дипломати од кариера ќе се зголеми од сегашните најмалку 33% на 75%“, велат оттаму.

Меѓу другите иницијативи, во Министерството е формирана работна група, која ќе ги проверува сите именувања и упатувања на амбасадори и генерални конзули од 2006 година до денес и ќе подготви компаративна анализа. Целта на анализата е да се проверат сите детали и околности под кои се упатувани, како и квалитетот на кандидатите кои како први лица во ДКП-ата ја претставуваат земјата во странство. По завршувањето на анализата, истата ќе се презентира пред јавноста.

Слични содржини