Работната група за изготвување на новиот КЗ е самостојна и не е вршено влијание кај претседателот или членовите, велат од Правда

од Nikola Popovski
154 прегледи

Во однос на ставот на БЛУПРИНТ сметаме дека не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што како што беше напоменато од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието, велат од ресорот Правда.

Во соопштението се истакнува дека придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат.

-Процесот на изготвување на новиот КЗ е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство. Оваа обврска произлегува исто така и од Билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандарди, посочуваат од Министерството за правда.

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството соопшти  дека се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен законик. Групата граѓански организации смета дека нивното учество е беспредметно во постапка која суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нивната мисија за конструктивно, транспарентно и засновано на докази градење на политики. Оттаму велат дека се сведоци на дрска злоупотреба на т.н. европско знаменце, европско право и казнени политики.

Слични содржини