Работната група за уставни измени едногласно го усвои Деловникот за работа

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Работната група за подготвување на Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на денешната седница едногласно го усвои Деловникот за работа.

Работната група ќе работи врз основа на Решението на Министерот за правда во кое е наведено дека ова е тело е формирано заради подготвување на Предлог-иницијатива за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија, согласно задолжението од Заклучокот од Извадокот на Нацрт Записникот број 41-4327/1 од седницата на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 25.04.2023 година.

Со Заклучокот, Владата го задолжи Министерството за правда да формира работна група која ќе подготви Предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот на РСМ врз основа на заклучоците донесени од Собранието („Службен весник на РСМ“ бр 161/22).

Работната група ќе продолжи со работа на 26 мај.

Слични содржини