Вработени во фирма во облакодерот 345 Парк Авенија, во која еден напаѓач уби четири лица, кога ги чуле пукотниците, ја забарикадирале влезната врата во нивните канцеларии со мебел за да спречат напаѓачот да влезе кај нив.
Сепак, до тоа не дошло Шејн Девон Тамура (27) со автоматска пушка што мирно ја носел во рака, влегол во фоајето на облакодерот и убил четири лица, по што се самоубил.
Еден од убиените е њујоршки полицаец што не бил во униформа, туку во моментот работел како обезбедувач.

Фотографија: New York Police Department
Станува збор за Дидарул Ислам, кој во САД се преселил од Бангладеш. Три и пол години работел во 47-та Полициска станица во Бронкс.
Според досегашните сознанија, Шејн Девон Тамура пристигнал во Њујорк од државата Невада, каде поседувал дозвола за носење оружје. Тој имал и историјат со ментални болести.
📽 Напаѓачот од Менхетен лежерно ја носел автоматската пушка со која уби четири лица