Работник падна од покрив на зграда во Центар

од desk2
98 прегледи

Попладнево од засега непознати причини, работник падна од покривот на зграда во Центар.

Екипа на итната медицинска помош интервенирала по повик од граѓани. Настанот предизвика вознемиреност кај случајните минувачи и жителите на околните згради.

Се работи за една од зградите спроти Министерството за правда, кои беа дел од проектот на општина Центар за реконструкција на фасадите./Макфакс