Работните групи продолжуваат со работа, повторно за изборната регулатива

од desk3
139 прегледи

 

СДСМ, ДУИ и ДПА за спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија најавија дека денеска ќе ја продолжат работата врз изборното законодавство.

11787364_1479468552368251_635089416_n
На синоќешниот состанок за специјалниот јавен обвинител, како што изјави белгискиот експерт Питер Ванхауте имало многу интересна и многу солидна дискусија, но тој одби да даде натамошен коментар.
В петок партиите треба да почнатконкретни разговори за законската рамка, како и за изборот, функционирањето и надлежностите на специјалниот обвинител. Според договорот од Пржино, тој треба да биде назначен најдоцна до 15 септември.