Работниците од овие три ЕУ-земји имаат најдолг работен век

од Vladimir Zorba
403 прегледи

Просечниот работен век за 15-годишниците во Европската унија (ЕУ) во 2020 година бил 35,7 години, за 0,2 години помалку од просекот во 2019 година, покажува истражувањето на Канцеларијата за статистика на ЕУ (Евростат).

Ова е првпат од 2000 година оваа институција да забележи пад на очекуваниот животен век. Бројот на години што луѓето можат да очекуваат да можат да работат (вработени или невработени) за време на нивниот живот е погоден и од корона-кризата. Меѓу другите, луѓето кои би биле на располагање за работа и кои бараат работа можеби се откажале од потрагата поради нискиот очекуван принос и, според тоа, биле надвор од работната сила, намалувајќи го очекуваниот рабтен век, се вели во извештајот на Евростат.

Како што се додава, кога станува збор за разликата во половите, таа полека, но стабилно се намалува на ниво на ЕУ помеѓу 2000 и 2020 година од 7,1 година во 2000 година на 4,8 години во 2020 година. Очекуваниот работен век на жените се зголеми за 4,5 години, а кај мажите се зголеми за само 2,2 години во истиот период. Истражувањето истакнува дека меѓу земјите-членки на ЕУ, најдолг работен век во 2020 година. имале Шведска (42 години), Холандија (41 година) и Данска (40 години).

Статистичките податоци покажуваат дека ова биле единствените три земји-членки на ЕУ во кои очекуваното траење на работниот век било 40 години или повеќе. Следат Естонија (39,2 години), Германија (39,1 години) и Финска (38,8 години).

Од друга страна, Евростат го забележа најкраткиот работен век во Италија (31,2 години), следени од Грција и Хрватска (двете 32,8 години), Белгија (33,4 години) и Бугарија (33,5 години).).

Слични содржини