Работниците во четврток излегуваат на улица

од Берта Китинска
322 прегледи

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, како и  граѓанскиот синдикат и член на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија –  КСС, на 15 април годинава ќе земе активно учество на социјалниот протест во организација на КСС.

Синдикатите бараат да се почитуваат законите од областа на трудовото право, надлежните институции да постапуваат при прекршување на законите и да се запре притисокот врз синидикалното организирање и синдикалните лидери.

СОНК, информираат оттаму, ги поддржува барањата на најголемиот синдикат во јавниот сектор и смета дека поради немање слух на надлежните, односно на социјалните партнери на сите нивоа, заштитата на сопствените интереси, во согласност со законите и колективните договори, мора да ги бара преку искажување на јавно незадоволство, односно преку предупредувачки протест.

Од КСС очекуваат работниците активно да се вклучат во протестестот за да се чуе нивниот глас  и гласот на синдикатите и да се принудат надлежните претставници од Министерствата и другите државни институции да започнат социјален дијалог со нас со цел подобрување положбата на сите работници.

Слични содржини