Работодавачите бараат да се укине регресот за годишен одмор, Синдикатот давал позитивни сигнали?

од desk3
84 прегледи

Работодавачите бараат да се укине регресот за годишен одмор и предлагаат да се воведе опција парите за годишен одмор на работниците да бидат исплатени само доколку компанијата има пари. За ова, според Организацијата на работодавачи, Синдикатот дава позитивни сигнали.

timthumb

Од Организацијата велат дека ваквата обврска им создала многу маки на некои работодавци. Дел од нив ги скратиле платите за да исплатат регрес. Некои пак биле приморани да земат кредити.

Работодавците минатата година првпат исплатија задолжителен К-15, кој изнесуваше минимум 40% од просечната плата или над 8.400 денари. За неисплата на регресот е предвидена глоба за правното лице од 2000 до 3000 евра, а за одговорното лице од 500 до 1000 евра.