Рачно ќе се пребројуваат гласовите во Џорџија, Трамп очекува голема победа

од Stefanija Kuzmanovska
460 прегледи

Резултатите од претседателските избори во една од клучните американски сојузни држави Џорџија, според кои избраниот претседател Џо Бајден победи, ќе бидат потврдени кога сите области повторно ќе ги пребројат гласовите до крајниот рок на полноќ, објави кампањата на демократите.

„Колку што разбравме, сите 159 окрузи во Џорџија ќе го исполнат рокот и резултатите ќе бидат потврдени“, рече Патрик Мур, правен советник на Бајден за кампањата.

Претходно, тимот на Бајден соопшти дека резултатот од резултатите на претседателските избори во Џорџија, по пребројувањето на гласовите, „се промени речиси незабележливо“ и дека нема докази за неправилности.

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер на почетокот на неделава објави дека сите гласачки ливчиња во таа сојузна држава САД ќе бидат преброени, рачно.

Во таа американска држава досега не е прогласен ниту еден победник.

Според АП, врз основа на 99 проценти од пребројаните гласови, Бајден има предност од 0,03 проценти.

Доналд Тамп на социјалната мрежа Твитер објави дека ќе постигне „голема претседателска победа“ по новото пребројување на гласовите во Џорџија.

Трамп ги обвинува демократите за изборна кражба од изборната вечер, но тој не дава докази за тоа и најавува дека ќе се обиде да ги оспори резултатите пред федералните судови, а потоа и пред Врховниот суд на САД доколку е потребно.

Иако медиумите го прогласија Бајден за победник, Џорџија би можела да биде важна доколку Трамп успее да ги оспори резултатите на суд во некои од клучните сојузни држави.

Победата во Џорџија носи 16 изборни гласови.

Слични содржини