Радар регистрирал дури 4.000 прекршувања дневно

од Vladimir Zorba

Во сообраќајот се случуваат секакви работи, а ова е интересен случај од не така далечната историја од мал град во Италија. Во период од само две недели, радарот забележал 58.560 казни за пребрзо возење таму.

Акватико е мал град во регионот Лигурија, во близина на границата со Франција. Едвај има две улици, кафеана и селска куќа. Но, Акетико има и пат без рабници што минува низ местото и често се користи за нелегални трки.

Според „HAK“, на началникот на Акватико, Алесандро Алесандри и на некои од соседите им здодеа бучавата и општата несигурност, па конечно го поставија радарот во 2018 година. Бројот на казните се зголеми на 4.000 дневно или дури седум милиони евра за две недели.

Рекордот го постигна мотоциклист кој возел 135 km/h. Ограничувањето на брзината е 50 km/h. Но, поради многуте поплаки од возачите, радарот конечно бил отстранет една година подоцна.

Слични содржини