Радев: Бришењето на „Иван Михајлов“ е израз на паника и импотентност

од Nikola Popovski
145 прегледи

Бугарскиот претседател, Румен Радев одлуката на властите во Северна Македонија да го избришат бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ја дефинира како израз на немоќ и паника.

„Ова одекнува многу лошо во ЕУ. Оваа одлука е израз на паника и импотентност, бидејќи властите во Република Северна Македонија мора конечно да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во Северна Македонија не сега, туку со векови – веќе 1300 години. И бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избрише цврстата определба на Бугарија и нашите европски партнери, Република Северна Македонија, да ги вклучат Бугарите во нивниот устав“, рече тој.

Бугарското МНР денеска остро реагираше на бришењето на бугарскиот клуб и информира дека ќе се жали во Европската Унија. Од таму наведуваат дека „македонските власти не изнеле вистински аргументи за таквата одлука“.

-Одлуката е непринципиелна и тенденциозна и со тоа имињата на здруженијата се ставаат во искривен историски и идеолошки контекст. Фактот дека верувањата на Бугарите во РСМ не се компатибилни со тамошната историска доктрина, не значи дека не се компатибилни со правниот поредок и демократските принципи, соопштија меѓу другото од бугарската дипломатија.

Слични содржини