234
Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија“, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев пред делегацијата од Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски.
-Тоа е основата на одлуките на Бугарија за безрезервна поддршка на Македонија од признавањето на државноста и независноста на земјата, преку инсистирање на превентивниот контингент на ОН при распадот на поранешна Југославија, преку обезбедување помош за време на ембаргото, преку давање воено-техничка помош, во случај на катастрофи и природни непогоди, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.