Радев: Бугарија очекува дијалогот со С.Македонија да доведе до конкретни резултати

од Берта Китинска
235 прегледи

Бугарија очекува билатералниот дијалог со Република Северна Македонија да доведе до конкретни резултати, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во телефонскиот разговор со комесарот Оливер Вархеји, одржан на иницијатива на еврокомесарот за добрсоседство и проширување, соопшти прес-службата на шефот на државата.

„Бугарија е отворена за дијалог, постави јасни прашања на својот југозападен сосед и очекува одговори, како и реални дејствиа од Република Северна Македонија“, нагласи Радев.

Според шефот на државата, агендата на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде предмет на надворешни влијанија, туку треба да се води отворено и со посветеност на двете страни, со што би се придвижил процесот на евроинтеграција на РСМ.

Главниот фокус на овој дијалог Румен Радев смета дека треба да биде правата на граѓаните на Северна Македонија, кои отворено го демонстрираат својот бугарски идентитет, како и одржливото искоренување на говорот на омраза и почитувањето на бугарската историја и културното наследство во земјава, се вели во соопштението.

Слични содржини