Радев: Десетици илјади Бугари се убиени во концентрационите логори во Македонија

од Берта Китинска
331 прегледи

Обидите на политичарите во Северна Македонија да изградат идентитет заснован на фалсификатите на Комунистичката интернационала, наместо на историската вистина, се против интересите на граѓаните на Република Северна Македонија кои сакаат членство во ЕУ, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

Бугарскиот претседател исто така се осврна и на настаните од минатата недела и именувањето на бугарскиот културен центар во Битола по револуционерот Иван Михајлов.

-Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов е човекот кој одбил Хитлер да ја внесе Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не Иван Михајлов, туку други луѓе по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убиле и испитувале десетици илјади во концентрационите логори затоа што решиле да продолжат да се нарекуваат Бугари, а не Македонци, додаде Радев.

Слични содржини