Бугарскиот претседател Румен Радев и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска оствариле телефонски разговор. Во фокусот на разговорот бил претстојниот самит на ЕУ во Брисел.
-Во однос на процесот на проширување на ЕУ, Радев рече дека европската интеграција на Северна Македонија е во интерес и на Бугарија и на регионот, но бара политичка волја за да се решат отворените прашања со отворен билатерален дијалог меѓу Софија и Скопје, а не преку постојани напори со надворешен притисок врз нашата земја. Само на тој начин нема да се внесат нерешени проблеми во ЕУ, ќе се заштитат европските вредности и ќе се отвори патот на нашиот југозападен сосед кон неговата целосна европска интеграција, му рекол Радев на Мицотакис, според соопштението од Кабинетот на бугарскиот претседател, објави „БНР“.