Претседателот на Бугарија, Румен Радев и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одржаа телефонски разговор за европските интеграции на Западен Балкан, како и за стабилизирање на регионот. Ова го соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.
За време на разговорот, Радев посочи дека градењето вистински односи на добрососедство е најсигурниот начин за постигнување на полноправно членство во Европската унија.
Двајцата се согласија за проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан, како можност за вистински инвестиции во стабилноста на регионот.
Акцентот е ставен на зголемување на енергетската поврзаност и постигнување вистинска диверзификација во регионот. Радев и Мицотакис, исто така, се согласија дека забрзувањето на процесот на градење на интерконекторот меѓу Бугарија и Грција е приоритет.