Радев: Интерконекторот ја менува енергетската карта на Европа

од Nikola Popovski

Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка нудат транзит на дополнителните количини азербејџански гас во Европа. Идејата ја презентираше бугаскиот претседател Румен Радев за време на свеченоста за отворање на на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција (ИГБ) во Софија.

Интерконекторот беше отворен во присуство на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателите на Азербејџан, Илхам Алиев, на Србија, Александар Вучиќ, на Северна Македонија, Стево Пендаровски и премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и Романија, Николае Чука.

-Интерконекторот веќе решително ја менува енергетската карта на Европа – пред се има вистински проток од Азербејџан, претседателот Алиев се покажа како многу доверлив партнер, така што ќе имаме врска и со новиот вертикален гасовод, кој ќе не поврзете со многу други гасоводи, рече Румен Радев.

-Ја демонстрираме нашата доверба и нашиот заеднички одговор на нарушените синџири на снабдување и зголемените цени поради војната во Украина. Денес клучот за успехот лежи во заедничките проекти, поврзаноста и интеграцијата во сите димензии, додаде бугарскиот претседател.

Слични содржини