Радев ја одликува со орден француската амбасадорка: „Робин помогна за разјаснување на проблемите меѓу Бугарија и С. Македонија“

од Nikola Popovski
186 прегледи

За време на француското претседателство со Советот на Европската Унија во првата половина на 2022 година, амбасадорката Флоренс Робин значително придонесе за разјаснување на проблемите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и бугарската позиција пред француските институции и експерти. Згора на тоа, таа отворено ги сподели и ги бранеше своите позиции во време кога не сите наши европски партнери и експерти од Брисел ја сфатија длабочината на овие проблеми и не успеаја да навлезат во целата сложеност на загатката на политичките односи овде.

Ова го порачал денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој ја одликуваше со орден амбасадорката на Француската Република во Бугарија, Флоренс Робин за големите заслуги на дипломатката за зајакнување и развој на бугарско-француските односи, објавија бугарските медиуми.

Робин изразила благодарност до бугарското Министерство за надворешни работи изрази, нагласувајќи дека дијалогот меѓу нив отсекогаш бил лесен и искрен.

„Мислам и на работата што ја направивме заедно за време на француското претседателство, особено во однос на прашањето за Северна Македонија“, рекла таа.

Фото: БГНЕС

Слични содржини