292
Политичката криза е факт, но за разлика од претходните кризи, таа се одвива во услови на прогресивна инфлација, социјална, економска и прехранбена криза предизвикана од војната во Украина. Ова пред новинарите го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Шефот на државата смета дека партиите застапени во парламентот мора што поскоро да најдат излез од ситуацијата, бидејќи потребно е „одговорно и одржливо владеење“.
„Додека партиите бараат формирање на владејачко мнозинство, кабинетот мора да обезбеди социјални плаќања и поддршка на бизнисот, да го одржи ветото за Република Северна Македонија во согласност со рамката усвоена од Народното собрание и да обезбеди функционирање на државата“, рече Радев.