Радев: Колку поодговорно се држиме кон принципите толку послено ќе биде за решение со С.Македонија

од Берта Китинска
217 прегледи

„Колку Владата се држи поблиску до официјалниот бугарски став изразен во документите усвоени во Народното собранието, толку повеќе ги слушаме на Бугарите во нашата земја и во Северна Македонија. Колку поодговорно се однесуваме како земја членка на ЕУ и се придржуваме до принципите на Унијата толку полесно ќе ни биде во политиката и одлуките кон Република Северна Македонија“, вели претседателот на Бугарија, Румен Радев, пренесува Бгнес.

Тој вели дека прво треба да го слушне премиерот Кирил Петков на темата за Северна Македонија непрецизирајќи дали ќе го свика Консултативниот совет за национална безбедност за да се расправа за ова прашање како што побара Петков во петокот.

Слични содржини