„Колку повеќе обрнуваме внимание на правата на нашите сонародници во Република Северна Македонија (РСМ), толку повеќе станува јасно дека ова не е билатерален проблем“, изјави претседателот на Бигарија, Румен Радев пред новинарите во Вуковар, Хрватска каде што е во официјална дводневна посета на покана на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Како што порачал Радев, „проблемот го македонските власти кои мора да го решат со европските институции за конечно исполнување на Копенхашките критериуми за членство и договорите што македонската Влада ги презеде во 2022 година“.
Радев информирал дека „имал многу плодни разговори со премиерот Андреј Пленковиќ и Милановиќ за многу широк спектар на прашања од билатералните односи и регионалните проблеми“.
-Би сакал да ѝ се заблагодарам на Хрватска за нејзиното разбирање и поддршка за состојбата со правата на Бугарите во Македонија. Бугарија не ја запира Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, потенцирал шефот на бугарската државa, Радев.
Радев денес ги посети бугарските воени гробишта во Вуковар, каде што оддаде почит на споменот на бугарските офицери и војници кои загинаа во последната фаза од Втората светска војна.