Радев: Македонија да не ги дискриминира Бугарите

од Nikola Popovski
329 прегледи

Исполнувањето на копенхашките критериуми е предуслов за почеток на преговорите меѓу Република Македонија и Европската унија. Очекувам одржлив и неповратен крај на дискриминацијата на Бугарите во РС Македонија, изјавил претседателот на Бугарија, Румен Радев за време на состанокот со Петар Колев, лидер на партијата Граѓански демократски сојуз, објави БГНЕС.

„Многу го ценам придонесот на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев за продолжување на дијалогот на највисоко ниво. Сепак, време е овие први чекори да ги стимулираат институциите и политичките партии во РСМ да се посветат на реализирање на огромниот потенцијал во нашите билатерални односи, а не да акумулираат нови проблеми“, рече Радев.

Тој истакна дека директниот дијалог на сите нивоа меѓу Бугарија и РСМ е исклучително важен за решавање на отворените прашања меѓу Софија и Скопје.

„Нема алтернатива во барањето на Македонија за полноправно членство во ЕУ. Убеден сум дека со заеднички напори и само со заеднички напори можеме да го постигнеме тоа, бидејќи Бугарија е најзаинтересирана страна за забрзување на процесот на европска интеграција на РСМ. Очекуваме одржлив и неповратен прекин на дискриминацијата кон Бугарите во вашата земја. Јазикот на омраза очекуваме да заостанува во учебниците по историја, во натписите на историските споменици, во музеите, во јавните медиуми “, му рекол претседателот Радев на Колев.

Колев истакнал дека Бугарите во Македонија сакаат интеграција на земјата во ЕУ, но овие преговори не можат да се случат доколку Скопје нема отворен разговор со братската Софија, бугарските институции и политичари.

„Ова не може да се случи ако продолжи процесот на дискриминација на луѓето кои се идентификуваат како Бугари во Македонија. Ова не може да се случи ако ние како општество не работиме против силниот говор на омраза не само кон Бугарија, туку и кон Бугарите што живеат во земјата “, рече лидерот на партијата Граѓански демократски сојуз.

Слични содржини