Шефот на бугарската држава, Румен Радев изразил загриженост до еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, за како што вели, недостигот на напредок по прашањето за промена на Уставот во Македонија и вклучувањето на Бугарите како конститутивен народ на македонската државата.
-Само со почитување на човековите права и принципите на добрососедство Република Северна Македонија може да напредува во процесот на европска интеграција, му посочил денеска Радев на Вархеји, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.
-Сведоци сме на зголемена системска дискриминација, полициско, административно и судско самоволие кон бугарските здруженија, зголемени злосторства од омраза врз Бугарите и луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија, рекол Радев, пренесува „БТА“.
Како што понатаму во текстот, бугарскиот претседател го истакнал своето незадоволство од „систематските притисоци врз Бугарите и бугарските клубови во РСМ во последните месеци, како и донесувањето на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста“.
-Бугарија високо ја цени активната работа и рационалниот пристап на Европската комисија и лично на комесарот за проширување и соседство за забрзување на процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, што е особено важно за гарантирање на стабилноста и безбедноста. на Европа, посочил Радев и додал дека „токму како резултат на неговите плодни средби со комесарот Вархеи и активната заедничка работа е развиена преговарачката рамка, која го отвори патот на РСМ кон ЕУ, а во исто време гарантирајќи ја заштитата на правата на Бугарите во земјата и на бугарското културно и историско наследство“.
Вархеји го изразил разбирањето на Европската комисија за важноста на отворените прашања меѓу Бугарија и РСМ и посочил дека забрзувањето на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан може да се постигне само доколку е прифатливо за сите земји. Вархеји исто така изјавил дека критериумите од Копенхаген се јасно наведени и недвосмислени и ЕК ќе продолжи да го следи нивното спроведување, пренесува „БТА“.