Претседателот на Бугарија, Румен Радев нагласи дека најважната задача за Европа е да се најде решение за војната во Украина како задолжителен услов за воспоставување траен мир и безбедност.
Претседателот истакна дека Европската Унија мора да игра клучна улога во овој процес.
„ЕУ, Европа, мора да игра клучна и водечка улога, бидејќи со продолжувањето на оваа војна, нашата иднина станува заложник на војната, а таа мора да се реши првенствено преку дипломатија, врз основа на принципите на меѓународното право и со јасни безбедносни гаранции“, рече Радев, кој учествува на самитот на групата Араолус во Талин.