Радев не ја исклучува можноста за референдум за С. Македонија

од Nikola Popovski
302 прегледи

Бугарскиот претседател Румен Радев не ја исклучува можноста од референдум по прашањето за спорот со Македонија и ветото за влез на нашата земја во ЕУ.

-Нема напредок по отворените прашања меѓу Софија и Скопје, така што нема причина за мојата посета на Париз на и средба со претседателот Макрон. Сакам да видам вистински резултати, ја ценам посветеноста и напорите на нашите европски партнери. Што се однесува до убедувањето на премиерот Кирил Петков дека последна опција за Република Северна Македонија е парламентот, морам да појаснам дека последна опција е секогаш народот и постојат уставни механизми за негово консултирање“, рече Радев.

Тој објасни дека будно ги следи позициите на партиите.

Досега единствени на бугарската политичка сцена кои бараа референдум за спорот со Македонија беше опозициската ВМРО-БНД.

Слични содржини