Нема услови за моја посета, изјави денеска претседателот Румен Радев запрашан за неговата претстојна посета на Франција, поврзана со темата Република Северна Македонија.
-Нема напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје, така што нема услови за моја посета на Париз и на претседателот Макрон, сакам да видам реални резултати, ја ценам посветеноста и напорите на нашите европски партнери, рече Радев.
За зборовите на премиерот на Бугарија, Кирил Петков дека сите одлуки на темата ќе минуваат низ Народното собрание, Радев рече: „Последна опција е секогаш народот“.
Што се однесува до убедувањето на премиерот Кирил Петков дека последна опција за Република Северна Македонија е парламентот, морам да појаснам дека последна опција е секогаш народот и постојат уставни механизми за негова консултација, рече Радев.