Претседателот Румен Радев очекува Коалициски совет вечерва да ги следи одлуките што ги донесе Консултативниот совет за национална безбедност во јануари во однос на Северна Македонија.
-Средбите не се толку важни, важни се резултатите. Очекувам коалицискиот совет вечерва да го следи консензусот и мислењето што го постигна Консултативниот совет за национална бебедност во јануари, да го брани бугарскиот интерес и копенхашките критериуми за членство, кои се базираат многу прецизно на човековите права и недискриминација. Ако сето ова се случи, ќе и помогнеме на Северна Македонија постојано да го следи овој пат,изјави Радев на новинарите.
Toj се надева дека поради фокусираноста на владата кон надворешната политика нема да ја изгуби од вид тешката социо-економска криза во државата.
-Очекувам стремежот и енергијата што се вложуваат во решавањето на проблемите на РС Македонија на нејзиниот пат кон Европа да се применат и врз бугарските граѓани, сиромаштијата и инфлацијата, рече Румен Радев.