Радев порача Албанија да не чека ѝ да и се дозволи да ги почне преговорите со ЕУ

од Берта Китинска
224 прегледи

Бугарија го потврди својот став за почеток на преговори за Северна Македонија со Европската Унија, Владата мора да го спроведе овој став. Ова го одлучи Советот за национална безбедност на денешниот состанок, јавува „БГНЕС“.

„Давањето согласност за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, вклучително и во однос на правата на македонските Бугари“, ова го изјави претседателот Румен Радев по состанокот.

„Четири години од потпишувањето на Договорот од 2017 година, Северна Македонија не направила доволно за негово спроведување, но, исто така, не дава и гаранции за негово исполнување. Ова е заклучокот што бил констатиран по неколкучасовниот советодавен Совет за национална безбедност“, рече Радев .

Тој на почетокот на обраќањето пред јавноста го нагласи националниот интерес на Бугарија за проширување на Европската Унија во регионот. Во дел на неколкуминутниот говор, Радев потсети дека Бугарија била првата држава што ја признала независноста на Македонија, ниту пак некогаш се противела на македонските граѓани на правото на декларирање и нарекување, меѓутоа инсистира на целосна рамноправност на македонските Бугари со останатите граѓани во земјата.

Радев на крајот истакна дека Албанија не треба да ја чека Македонија и треба да ѝ се дозволи да ги почне преговорите со ЕУ.

Слични содржини