Радев револтиран поради германската резолуција: „Со лобирање сакаат да го прикријат кршењето на човековите права во С. Македонија“

од Nikola Popovski
446 прегледи

Скопје мора да ја научи лекцијата, прокоментирал бугарскиот претседател Румен Радев за резолуцијата на германскиот Бундестаг, со која недвосмислено се потврди македонскиот идентитет, јазик и култура.

Тој додал дека Македонија се враќа на поминатиот пат – „лобираат во европските метрополи и кај европските институции, во обид да го прикријат кршењето на човековите права во Република Северна Македонија, недостатокот на реформи и подготвеноста за почеток на преговорите за членство“.

Според него, тоа не е вистинскиот начин.

-Во моментов, лобирањето повторно е интензивирано, но Бугарија ќе продолжи интензивно да работи со сите европски институции, со нашите европски партнери, така што одлуките за Република Северна Македонија не се засноваат на лобирање, што го крие недостатокот на реформи и длабокото кршење на човековите права, рекол шефот на бугарската држава, објави „БТА“.

Слични содржини