Радев: С.Македонија мора да ги убеди граѓаните дека е демократска земја

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Раководството на Република Северна Македонија мора да ја убеди не Бугарија, туку нејзините граѓани дека гради демократска држава. Земја во која во бугарските клубови не се пука и не се палат, а Бугарите во оваа земја не се предмет на систематско малтретирање, физичко насилство и монтирани судења.

Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во одговор на прашање на БГНЕС за постоењето на „црните списоци“ и насилството врз Бугарите во земјава.

Радев е дециден дека „властите во РСМ може да тврдат дека градат модерно мултиетничко општество кога ќе најдат сила да ги вклучат сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“.

Шефот на државата потсети дека постои составен дел од преговарачката рамка, а тоа е Протоколот потпишан меѓу двете земји.

„Таму нема напредок. Затоа разговарам со европските лидери и институции дека треба да има движење според овој протокол, затоа што тука се учебниците, тука е говорот на омразата, тука се медиумите, тука е отворањето на архивите и извинувањето за етничката репресија врз Бугарите низ годините. Има и други важни работи, како што е зачувувањето на нашето културно наследство“, рече Радев.

Тој нагласи дека вклучувањето на Бугарите во Уставот е задолжителен услов за почеток на преговорите за членство, а овој услов е поставен и во преговарачката рамка во францускиот предлог.

Радев изјави дека влевањето омраза кон Бугарите е процес кој трае со децении.

„Ова е цела доктрина заснована на антибугарска идеологија и јасно е потребно време додека С.Македонија не застане меѓу демократските земји и ние мора да помогнеме во овој процес“, вети тој.

Слични содржини