Радев се надева на брзо решавање на прашањето за македонските Бугари

од Nikola Popovski
300 прегледи

За европската перспектива на Република Северна Македонија и земјите од Западен Балкан и клучното значење на процесот на европска интеграција за безбедноста и стабилноста во регионот разговарале бугарскиот претседател Румен Радев и специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич.

Радев изразил надеж дека Бугарија брзо ќе го реши прашањето за гарантирање на правата на македонските Бугари со нивно внесување во Уставот на Република Северна Македонија, напуштање на јазикот на омразата и почитување на вековното бугарски културно-историско наследство, соопштија бугарските медиуми.

-Постигнувањето реални резултати во билатералниот дијалог значително ќе го забрза процесот на европска интеграција за Македонија, нагласил бугарскиот претседател.

Слични содржини