Бугарскиот претседател Румен Радев изјави денеска, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Димитровград, дека Бугарија гради заеднички европски пат со Србија и истакнал дека претседателот Вучиќ исполнува се што ветил кога станува збор за договореното и правата на бугарското национално малцинство во Србија.
„Со години комуницираме со Вучиќ, имаме отвореност и разгледување на сите прашања, јасна визија за тоа како да ја зајакнеме соработката и да постигнеме уште поголем успех, како да го исцртаме нашиот заеднички европски пат заедно“, рекол Радев во обраќањето пред медиуми по состаноците.
Тој се заблагодарил за поканата и топлото гостопримство и потсетил дека пред три години е одржан првиот состанокот на двајцата претседатели, заедно со бугарското национално малцинство во Србија.
„Тоа беше состанок без преседан. Тоа покажува едно пријателство, добрососедски односи и одлучна акција по прашањето на нашите два народа“, оценил Радев.