Радев за автобуската несреќа: Бугарија прави сѐ што е потребно

од Nikola Popovski
269 прегледи

„Изразувам сочувство за загинатите во несреќата на автопатот Струма. Бугарската држава прави се што е потребно“, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите.

Тој објасни дека претстојат уште многу акции и дејствија, со кои Бугарија ќе биде солидарна кон Северна Македонија.

„Претстои препознавање и транспортирање на загинатите. Заедно сме со нашите браќа од Северна Македонија. Се надеваме дека преживеаните ќе закрепнат што е можно поскоро“, додаде Радев.

Радев говореше и политичките случувања во Бугарија. Тој најави дека до крајот на неделава ќе го свика Народното собрание во земјата.

„Пред новите пратеници се две важни задачи – формирање влада врз основа на стабилно парламентарно мнозинство и усвојување на државниот буџет“, рече Радев.

Слични содржини