Бугарија и Чешка можат да имаат корист од заедничкото европско финансирање во областа на одбраната. Ова го изјави претседателот Румен Радев на форум во Софија посветен на бугарско-чешката соработка во овој сектор:
„Убеден сум дека овој потфат има голем потенцијал од неколку причини. Гледаме како безбедносната средина, безбедносната архитектура се распаѓаат пред нашите очи, војната во Украина, во срцето на Европа, се интензивира и го проширува својот просторен опсег.
Нашиот стратешки сојузник САД, сосема природно, во оваа глобална геополитичка динамика, го фокусира своето внимание сè повеќе на Пацификот, а начинот за нас да го гарантираме мирот и безбедноста во Европа е да преземеме многу поголема одговорност за сопствената безбедност и да развиеме такви одбранбени капацитети што можат да се спротивстават на секоја потенцијална закана.“, истакна бугарскиот претседател.
Радев им посочи на чешките компании дека моментално тековниот процес на модернизација на бугарската армија станува и можност за соработка.