Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа во најскоро време ќе го обнови договорот со клубот, тврди едно од најавторитетните изданија на островот „The Times“.
Платата на шпанскиот репрезентативец ќе скокне на 220 илјади фунти неделно, а во последните денови преговорите меѓу двете страни достигнаа значителен напредок.
Актуелниот договор на Де Хеа е до летото 2019 година и во него има опција за продолжување за уште 12 месеци. На „Олд Трафорд“ сепак сакаат да го поврзат 27-годишниот голман за подолго време, бидејќи се претставува одлично.
Сериозен интерес за Де Хеа со години пројавува европскиот клупски шампион Реал Мадрид, но „црвените ѓаволи“ ги отфрлија сите понуди за еден од своите најдобри играчи.
Шпанецот игра за Јунајтед од 2011 година, кога беше купен од Атлетико Мадрид за 18,9 милиони фунти, што во тоа време беше рекордна сума за голман на Островот.