Радости во Дортмунд! Ројс ќе игра за „сефте“ сезонава

од Vladimir Zorba

Големата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, ќе го запише своето деби оваа сезона во саботниот меч дома во Бундеслигата против Хамбургер.

28-годишниот германски репрезентативец нема играно од финалето на Купот на Германија минатата сезона против Ајнтрахт Франкфурт, кога доби многу тешка повреда на коленото.

Техничарот веќе се чувствува добро и тренира интензивно со останатите соиграчи во последните две недели, што му овозможува на тренерот Петер Штогер да прави планови со евентуално негово учество во текот на викендот.

„Тој треба да даде сигнал дали е подготвен“, изјави австрискиот специјалист кој не сака да го форсира Ројс поради недостатокот на пракса.

Добрата вест од Дортмунд е исто така поврзана со заменикот на Ројс, привлечен летото, Максимилијан Филип. Поранешниот фудбалер на Фрајбург се вклучи силно, но пред околу два месеци тој го повреди коленото против Баер Леверкузен. 23-годишниот напаѓач го направи првиот индивидуален тренинг денес и ќе биде подготвен за игра во рок од неколку недели.

Различна е ситуацијата за европскиот шампион Рафаел Гереиро, кој доби нови мускулни проблеми откако едвај неодамна надмина таков вид повреда.

Слични содржини