154
Жител на Радовиш заработи кривична откако бил фатен со преку 4700 петарди, информираа од Министерството за внатрешни работи.
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против лице од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.
На 29.12.2022 во Радовиш, полициски службеници извршиле претрес во домот кај пријавениот, при што пронашле и одзеле 4.786 парчиња разновидни пиротехнички средства.