Рафајловски: Не може менувачниците да го диктираат курсот на денарот

од Nikola Popovski
357 прегледи

Не дај боже ако менувачниците ни го диктираат курсот на денарот. Курсот ќе биде стабилен бидејќи нашиот е базиран на многу сериозни средства, рече економскиот аналитичар и стопанственик, Горан Рафајловски во изјава за емисијата „Топ тема“, одговарајќи на прашањето како ги коментира одлуките на одредени менувачници да чуваат девизи и да шират паника.

Според него, околу 7 милијарди девизни резерви за стабилноста на одредена валута се предоволни.

-Тоа што луѓето пробуваат да заработат на ниво на шпекулации или тоа што не успеале да набавата свежи евра и други девизи е апсолутно нереално. Не мислам дека денарот може да го изгуби курсот што е врзан со еврото. Колку што инфлира еврото, толку и денарот. Тоа не е баш малку во последните години. Еврото е врзано и за доларот и одат во паралела, информира Рафајловски.

Слични содржини