Екипата на Барселона доби сериозно зголемување на самодовербата со победата од 1-0 над големиот ривал Реал Мадрид во натпревар кој беше дел од претсезонскиот камп на двата тима во САД.
Победничкиот гол за каталонскиот гигант го постигна едно од новите засилувања – Рафиња, во 27. минута.
Натпреварот беше дел од Soccer Champions Tour 2022 и се одигра пред голема публика во Лас Вегас.
💥 BOOOOOOOOM!!!! GOAL BARÇA! RAPHINHA GETS THE FIRST! 0-1! #ELCLÁSICO 🇺🇸 pic.twitter.com/zDEdmbwEXu
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 24, 2022
И покрај големото ривалство и речиси непријателството помеѓу Реал и Барса, ова беше далеку од првиот пријателски натпревар што го одиграа еден против друг. До денес, двата тима имале вкупно 33 егзибициски или пријателски средби, од кои првиот бил во 1906 година, а последниот во 2017 година.
Натпреварот беше интересен и поради дебито на полскиот напаѓач Роберт Левандовски во екипата на Барселона по неговиот трансфер од Баерн (Минхен). Започна од првата минута.
Реал Мадрид не можеше да се потпре на својот главен стрелец Карим Бензема, како и на Дани Карвахал.