Рафиња остана надвор од составот на Лидс, сака трансфер во Барса

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Рафиња остана надвор од составот на Лидс за турнејата на тимот низ Австралија. Се очекува 25-годишниот Бразилец да го напушти клубот ова лето, а за него се заинтересирани Барселона, Челси и Арсенал.

Тимот од Јоркшир утре патува на „златниот брег“ за да се натпреваруваат со Бризбејн Роар. Тие потоа ќе играат со Астон Вила и Кристал Палас.

Според некои, понудата на Челси, која вреди околу 60 милиони фунти, веќе била прифатена минатата недела. Сепак, Рафиња сака да се пресели во Барселона. Финансиската состојба со Каталонците не му дозволува на клубот да ја обезбеди сумата што ја бара Лидс, но Каталонците изјавија дека ќе се доближат понудата на Челси.

Арсенал претходно ја отвори „потерата“ со понуда под 40 милиони фунти.

Слични содржини