Рафиња, кој беше донесен вчера, вети дека ќе даде се од себе за Барселона повторно да биде на врвот. 25-годишниот крилен напаѓач беше купен од Лидс за 58+10 милиони евра и веќе се приклучи на својот нов тим. Бразилецот стекна искуство на европските терени по четири сезони на Стариот континент – прво во Спортинг (Лисабон), потоа во Рен, па во Лидс.
„Сакам да и помогнам на Барса да си ја врати славата“ – изјави Рафиња за клупскиот канал на Каталонците. – „Мојот детски сон е да станам дел од овој тим. Секој што ме познава од мали нозе знае дека ова беше навистина мојот сон. Чест ми е што сум овде. Јас сум играч кој не сака да губи. Ќе се борам за успех на секој натпревар“.
Јужноамериканецот зборуваше и за своите сонародници Роналдињо и Нејмар, кои оставија трага на Камп Ноу.
„Гледав се што направи Роналдињо овде. Се надевам дека ќе постигнам половина од она што тој и Нејмар го постигнаа во Барселона“, изјави Рафиња.