Рафиња го стигна Роналдо

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го израмни рекордот на Кристијано Роналдо со тоа што беше вклучен во 21 гол во една сезона во Лигата на шампионите. Сепак, испаѓањето на Каталонците од Интер ќе го спречи Рафиња да ја престигне португалската ѕвезда.

Ова би можело да се случи во една од следните сезони на турнирот.

Рафиња постигна еден од головите во поразот на Барса од Интер со 3-4 и елиминацијата од турнирот. Оваа сезона постигна 13 гола и запиша 8 асистенции.

Достигнувањето на Кристијано Роналдо датира од сезоната 2013/2014, кога тој исто така учествуваше во 21 гол со тимот на Реал Мадрид.

Слични содржини