Раиола и други агенти веќе „лапаат“ помалку од италијанските клубови

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Италијанските клубови во Серија А платиле надоместоци од 138 милиони евра за фудбалски агенти во 2017 година, што е за 30 отсто помалку од претходната 2016-та. Ова е јасно од пораката што ја објави италијанската фудбалска федерација во врска со надоместоците за агентите.

Шампионот во последните шест години Јувентус води во рангот со 42 милиони евра што им ги дал на агентите за трансфери. Следи полуфиналистот во Лигата на шампионите, Рома со 23 милиони евра.

Милан, кој го смени речиси целиот состав минатото лето, потрошил 21 милиони, а градскиот ривал Интер бележи најсериозен пад со 3,2 милиони во споредба со 23,4 милиони евра потрошени во 2016 годниа.

Слични содржини