Најскапата аквизиција во историјата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба може да го напушти тимот во текот на летото, бидејќи се чувствува потценет, пишува весникот „Мирор“.
Играчот од средниот ред му наложил на агентот Мино Раиола задача да истражи дали може да најде нов голем тим, во кој редовно ќе игра.
Французинот останал шокиран од фактот дека не е меѓу стартерите под водство на Жозе Мурињо, кој јавно го критикуваше на неколку наврати во текот на сезоната. Како капак, и медиумите и познати аналитичари го обвинуваат за слаба игра.
Покрај тоа, Раиола и неговиот клиент се незадоволни од фактот што Алексис Санчез, кој дојде од Арсенал во јануари, заработува 150.000 фунти неделно повеќе .
Како што е познато, на крајот од минатиот месец, „Дон Балон“ излезе со веста дека Барселона е подготвена да плати 88 милиони евра за Погба. Дали Каталонците ќе излезат со сензационална летна понуда за поранешниот халф на Јувентус, останува да дознаеме.