Рајан Рејнолдс (43) е заинтересиран за купување на фудбалскиот клуб Врексам АФЦ, а како што се вели, тој веќе имал состанок на кој биле наведени деталите, пренесува Sky.news.
Се зборува за бројка од два милиони долари, кои актерот треба да ги плати за да стане сопственик на споменатиот клуб, кој не е во завидна ситуација.
Овој тим од истоимениот град во Велс постои од 1864 година и е трет најстар професионален фудбалски клуб во светот.
Клубот е во сопственост на навивачи од 2011 година, а во моментов тие немаат резултати за фалење – тие се натпреваруваат во петтиот ранг на англискиот фудбал.
Патем, се шпекулира дека во клубот ќе инвестира и актерот Роб Мекелхани (43), ѕвездата на серијата „Во Филаделфија е секогаш сончево“.
Го познавате Рајан Рејнолдс од многу холивудски хит филмови како „Дедпул“.