Ракетата „SpaceX“ сепак не тргна на своето историско патување во вселената

од Nikola Popovski
218 прегледи

Во последна минута, поради лошите временски услови, историското лансирање на ракетата „SpaceX“ со човечки екипаж било откажано.

Во вселенскиот центар Кенеди во Флорида, сè било подготвено за првото лансирање на ракетата SpaceX, чија задача била да стигнат до Меѓународната вселенска станица. Сепак, временската состојба била закана за нив цел ден, а биле забележани и неколку сигнали за торнадо.

НАСА најпрво објави дека ќе дојде до полетување, но околу 20 минути пред закажаното лансирање, сè веќе било откажано.

Новото лансирање е закажано за сабота, 30 мај.

Ова требало да биде почеток на 19-часовниот лет од страна на Боб Бенкен и Даг Хурлеј кои стигнале до кабината на вселенскиот брод наречен Змеј, кој се наоѓа на врвот на ракетата „SpaceX Falcon“ со височина од 70 метри, со автомобил „Тесла“.

Историско значење

Тоа ќе биде првпат во историјата некоја приватна вселенска компанија да превезува астронаути во орбитата на Земјата. Тоа е исто така голем момент за американската вселенска програма затоа што тоа е прво лансирање на американска ракета од американско тло од 2011 година.

Американски астронаути се движат во орбитата на ракетата „Руски Сојуз“ последните девет години.

НАСА им плати на Русите 86 милиони долари за секое место во Сојузот, додека сега, за „SpaceX“ ќе бидат издвоени 55 милиони долари.

Цената на проектот е три милијарди долари.

Слични содржини