Хрватскиот фудбалер на Барселона, Иван Ракитиќ побрза да ги демантира гласините околу својата
иднина и најави смело дека се гледа себе само и единствено на „Камп Ноу“.

Во последните денови тој е поврзуван со ПСЖ, Баерн (Минхен) и Интер. Напорно се зборува дека во
текот на летото двете страни ќе се разделат, но искусниот репрезентативец на Хрватска објави
дека нема такво нешто.
„Имам уште три години до крајот на договорот со Барселона и мојата желба е да го исполнам
договорот и да останам тука во текот на овој период“, објави Ракитиќ пред новинарите по победата
со 4:2 над Севиља вчера.
„Нема начин како да не бидам горд дека големи тимови ме сакаат, ако навистина ме сакаат. Тоа ме
прави среќен и е добра оценка за мојата работа на теренот. Јас сепак се гледам себе единствено на
„Камп Ноу“ и немам никаква намера да го напуштам тимот. Гласините дека ќе си заминам, ме
тераат да се смеам кога читам шпекулации додека го пијам утринското кафе“, изјави Ракитиќ.