Ракитиќ за Челзи: Ракометари! Само стојат позади и чекаат да згрешиш

од Vladimir Zorba

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ ја спореди играта на Челзи минатата ноќ со ракометен натпревар. Како што е познато, каталонците одиграа 1: 1 пред реваншот следниот месец.

„Доминиравме во поголемиот дел од средбата, бевме подобри од нив, но тие создадоа нешто повеќе шанси од нас“, анализира Хрватот.

„Имаа три удари, од кои двете греди и погодокот. Тие ги затвораат линиите многу добро и чекаат противникот да згреши. Но ние работевме добро и го чекавме својот момент“.

„На моменти сеедно како да бевме во ракометен натпревар, бидејќи тие стоеја позади и чекаа. Ние сепак не изгубивме трпение и одигравме добро. Сега ќе треба да напаѓаме повеќе во реваншот на нашиот стадион“, додаде Ракитиќ.

Слични содржини