Ракометарот на Португалија, Мигел Мартинс (27) нема да игра за својата репрезентација на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска. Причината за ова е што на само неколку часа пред почетокот на натпреварот помеѓу Португалија и САД тој доби позитивен резултат на допинг тест.
„Билд“ пишува дека во примерокот на Мартинс е пронајден лек кој се користел во бременоста за да се намали ризикот од предвремено породување. Германците додаваат дека моментално многу не е јасно во случајот: „Засега е непознато како ќе заврши овој бизарен случај со допинг. Неодговорено е и како ќе се решат поставените прашања“.
Мартинс е еден од најдобрите играчи во португалската репрезентација постигнувајќи 243 гола на 108 настапи, а на португалскиот список за актуелниот мундијал повеќе имаат само Педро Портела (483), Фабио Магалхаес (351) и Антонио Ареја (285). постигна повеќе. Неговиот актуелен клуб, дански Алборг, објави дека поради споменатата причина нема да учествува во натпреварувањето на најдобрите светски репрезентации.
Мартинс оваа сезона за Алборг постигна 22 гола и забележа осум асистенции на 10 натпревари во Лигата на шампионите. Португалците по две кола имаат две победи. Ги совладаа Бразил 30:26 и САД 30:21.